Носителката на изборна единица 1 Гордана Силјановска – Давкова на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјановска – Давкова од Македонски брод истакна дека младите се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ и програмата „Обнова“ каде ВМРО-ДПМНЕ се обврзува најдобрите млади луѓе да се најдат на правите работни места и огромен број на мерки за задржување на младите во државата.
Како ќе ги задржиме младите, така што најумните млади ќе се најдат на најдобрите места. Зошто ако во програмата пишува нешто што со години велам дека треба да го правиме. Не си одат тие заради луксузниот живот си одат заради тоа што погрешни луѓе се на право место затоа што на конкурсите последниот влегува а првиот заминува, затоа фрустрирани неспособни луѓе се плашат од конкуренција и сакаат да бидат опкружени со војници послушни обожаватели- истакна Силјановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.