Митрополитот на Црногорската православна црква Михаило изјави дека очигледно е оти Српската црква од Србија добива поттик на литиите да шири корона вирус, како биолошко оружје, со само една цел да зарази што поголем број на граѓани и нанесе штета на црногорската економија и туризам. Тој порачува дека светосавските литии не се добредојдени на Цетиње и нема да се дозволи нивно организирање.
Против Црна Гора се води необјавена војна во која се користат сите средства, вклучително биолошки. Извесен граѓанин кој се заразил на натпреварот во Белград пренел корона вирус на уште неколку Цетинчани, кои ниту криви ниту должни страдаат од случајната средба со него, ставени во изолација, која е закана за целиот град, изјави митрополитот на ЦПЦ.
Тој ја обвинува Србија и СПЦ за ширење на вирусот.
Очигледно и намерно Српската црква од Србија добива поттик на литиите да шири корона вирус, како биолошко оружје, со единствена цел да зарази пто поголем број на граѓани и нанесе штета на црногорската економија и туризам, смета Михаило.
Според него, неодговорни граѓани од различни професии даваат јавна поддршка на таквите литии, завршувајќи ги апелите за поддршка со зборовите „не ги даваме светите работи“.
Таквите апели кои повикуваат на масовни собири се неразумни, бидејќи на нив граѓанството може масовно да се зарази со корона вирус, кои во многу случаи, посебно кај возрасното население предизвикува смрт, наведува во соопштението.
Митрополитот на ЦПЦ нагласува дека сите останати цркви и верски заедници се однесуваат согласно мерките кои ги пропишало Националното координативно тело за заразни болести.
Затоа светосавските литии не се добредојдени на Цетиње и нема да се дозволи нивно организирање. Залудни им се повиците „не ги даваме светите работи“, ние знаеме дека тие светини се незаконски препишани од нашата држава на Српската црква и дека се наши и дека нема да ги дедеме никому, така што цела Србија и Република Српска ќе одат на литија, порача митрополитот Михаило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.