Помина скоро цел мандат но, власта сè уште не може да каже барем еден километар нов автопат што го ветиле, го започнале со проектирање, обезбедиле средства и го започнале со работа, вели поранешниот министер за транспорт, Владо Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги сподели сите ветувања и непостоечки реализации на СДСМ во нивниот мандат, собрани од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ кои ветија изградба на 600км автопати во државата. Ветија 600 а не започнаа ниту еден. НИТУ ЕДЕН.
СДСМ кои не се кадарни да ја продолжат изградбата на автопатот од Кичево кон Охрид, а не па да ја завршат.СДСМ што не можат ни да го започнат автопатот од Скопје кон Блаце од неверојатни 2 километри.
СДСМ што автопатот Демир Капија – Смоквица една година го држеа затворен за сообраќај иако беше целосно готов уште пред да дојдат на власт. Го држеа затворен за граѓаните само за туѓиот труд си го препишат на себе и да изиграат едно оро во тунелот.
Зоран Заев ни говори и лаже за 80% завршена примарна и секундарна гасификација во Македонија а реалноста вели дека ниедно ново домаќинство не е приклучено на гас. Како тоа е можно само тој си знае.
Понатаму Заев пробува да ги уверува граѓаните дека се работело на 1500 км патишта во моментов и уште 750км биле реконструирани. Како да му се верува на ова паушално нафрлање на бројки кога реалноста е сосема спротивна и бројките кои ги кажува ни од далеку не се точни.
Што е многу – многу е. Па макар било излажано и од мајсторот во кажување невистини Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.