Дозволете на денешната прес конференција да го истакнам нашиот став и задоволството на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата што беше прифатена на вчерашната седница веднаш после расправата за буџетот да се дискутира за Резолуцијата за македонските државни позиции поврзани со евро-интеграциите и со блокадите од Бугарија, изјави денеска за медиумите, Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сметаме дека содржината на оваа Резолуција е многу битна и добро е македонското Собрание што поскоро истата да ја изгласа по содржина како што беше и доставена, бидејќи е надпартиска и утврдува сериозна европска вредност, а тоа е правото на сопствено определување на идентитетот и зачувување и негување на сопствената историографија, истакна тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.