Антонијо Милошоски, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, синоќа во „Заспиј ако можеш“, на Алфа телевизија, во однос на скандалот со македонските дипломати кој избувна деновиве во јавноста, истакна дека ова е скандал без преседан каде македонски дипломати спротивно на сите меѓународни норми ја злоупотребиле својата функција, а Македонија е на потсмев на меѓународната јавност, воедно и најслаба алка во системот на Интерпол каде на меѓународно докажани криминалци за трговија со дрога, нарко босови им се давале македонски пасоши за да се избегнат потерниците.
До сега не се случило освен државата да изнајми авион за некакви потреби државни, немало дипломат, ниту амбасадор кој бил во можност да изнајми приватен авион, затоа сметам дека овие тројца дипломати се само извршители во овој скандал во оваа ерменска рекет афера, а веројатно некој друг е нарачател, претпоставувам дека нарачателот е актуелен во Македонија, и има силна влијателна позиција – истакна Милошоски.
Милошоски посочи дека организирањето на ваквата операција, конекциите, логистиката, договарањето на сумата, веројатно ја водел некој друг кој им дал налог.
Видовме дека Македонија со овој скандал е најслабата алка во системот на Интерпол, бидејќи на меѓународно докажани криминалци за трговија со дрога нарко босови им се давале македонски пасоши за да се избегнат тие потерници, а во овој случај системот бил унапреден со деливери систем, каде македонски патни исправи им биле давани на лица од Ереван и на истиот му било овозможено со приватниот авион кој овие дипломати го изнајмиле да замине во Виена и од тогаш му се губи трагот – рече Милошоски.
Милошоски објасни дека братот на 15 годишниот владетел на Ерменија е исчезнат, Левон Саргасијан таму е налик Вице Заев во Македонија, и не се работи за случаен човек, брат на претседателот на Ерменија, каде по неговото заминување од власт обвинителството таму открива седум милиони долари на семејството кои не биле пријавени по ниту еден основ, против него се води постапка за перење на пари, а веројатно барал начин како од сето тоа да избега па стапил во контакт со македонската мисија во Виена.
Контактот е направен со Миле Миленковски тогашен дипломат и близок колега и пријател на сегашниот директор на АНБ Виктор Димовски, којшто тогаш беше државен секретар во министерството за надворешни работи – вели Милошоски.
Тој посочи дека ваков скандал од вакви размери каде ни се потсмеваат цело ОБСЕ каде членуваат цели Европски земји, до сега се нема случено, мислам дека е скандал без преседан, бидејќи е злоупотребена дипломатската функција за да се упадне во суверенитетот на една држава, и осомничен човек за криминал кој веројатно понудил одредена сума на пари и за приватниот авион и за избавителите, тие ја злоупотребиле дипломатската функција вадејќи го од Ерменија, прекршувајќи ги сите Виенски конвенции за дипломатија и сите норми на однесување на еден дипломат, рече Милошоски за скандалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.