Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на неговото учество на „Атинскиот демократски форум“, испрати порака дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Македонија.

За време на дискусијата со Стивен Ерлангер, уредникот на дописништвото од Европа на „Њујорк Тајмс“, грчкиот премиер говореше за низа актуелни теми во Грција, меѓу кои и за интеграцијата на Македонија во Унијата.

Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација – одговри Мицотакис на прашањето дали Грција е на страната на Бугарија во блокирањето на ЕУ-перспективата на Македонија.

Грчкиот премиер се осврна на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Словенија, истакнувајќи дека оттаму треба да се прати јасна порака дека Западниот Балкан припаѓа во Европа.

За неколку дена ќе сретнеме во Словенија. Треба на Западен Балкан да му понудиме јасна европска перспектива. Треба отворено да разговараме за проширувањето. Треба да пратиме сигнал дека за 10-15 години, колку и да е потребно, но дека Западен Балкан припаѓа во Европа – изјави Мицотакис и додаде дека евентуалниот вакуум што би се создал „ќе го окупираат други играчи“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.