Во Битола се видов со штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ. Тажна судбина на многумина кои загубија се во животот. Во тоа време Радмила Шекеринска беше функционер во СДСМ, а Зоран Заев на почетокот на својата политичка кариера, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Денес истите ликови се актуелни во политиката. Тогашниот октопод го надоградија со рекетарски Октопод. Затоа, сето ова може да се прекрати, а одговорот е 15 јули. Не ветувам работи за кои не сум стопроцентно сигурен дека ќе ги остварам, но тоа што го ветувам, а го има во програмата Проект „Обнова“ бидете сигурни дека ќе го реализираме. Никогаш повеќе криминал, корупција и држава на колена. Доаѓа обнова во која ќе има правда и повеќе пари за народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.