Имаме работа со Влада која работи преку измами, затоа граѓаните се чувствуваат разочарани од општествено политичката состојба, отсуствуваат и клучните реформи значајни за европската агенда на земјава. Ова му го порачач Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија во државата ВМРО ДПМНЕ кој денеска се сретна со амбасадорот на Романија во Република Македонија, Виорел Станила.
На средбата се разговарале за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформските процеси кои се од големо значење за државата.
Изразив голема загриженост за лошата економската состојба во која се наоѓаат граѓаните и посочив дека поради неспособноста на актуелната влада на Зоран Заев и СДСМ да обезбеди економски раст и капитални инвестиции, граѓаните на Република Македонија живеат во сиромаштија. Имаме работа со Влада која работи преку измами, затоа граѓаните се чувствуваат разочарани од општествено политичката состојба, отсуствуваат и клучните реформи значајни за европската агенда на земјава, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ соопшти дека со амбасадарот Станила размениле мислења за натамошно унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка меѓу двете држави кои што се од взаемен интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.