Обединети ќе се избориме луѓето да си ја вратат државата, порача Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ на прославата на 31-от роденден на партијата која се одржа во Охрид.

Македонија е многу повеќе од една или две партии, од една генерација или повеќе генерации политичари. Македонија е заедничката покривка околу која сите се обединуваме. Луѓето бараат среќа и поквалитетен живот, луѓето бараат промени, луѓето сакаат да си ја вратат државата. Ќе се избориме обединети, силно и одлучно, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.