Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и личниот став на претседателот на партијата за Договорот за добрососедство останува ист и непроменет, односно тие ќе поддржат се што е добро за Македонија и за македонските граѓани, но без уцени.

Мојот став поврзан со договорот за добрососедство и тогаш и сега и во иднина ќе биде, се што е добар за мојот народ и мојата држава ние ќе поддржиме. Но, не е добро некој мене да ме уценува, условува, да ме притиска и да ми кажува дека Гоце Македонецот Делчев не бил Македонец. Не може мене да ме убеди некој дека Гоце Македонецот не е Македонец, не може мене да ме убеди некој дека македонскиот јазик не е посебен јазик и дека не е кодифициран и меѓународно признат и се изучува над преку 100 на Универзитети во светот, тоа никој не може да ме убеди, порача Мицкоски од студиото на ТВ Сонце.

Македонецот Гоце Делчев се борел за македонска држава, за македонска независна држава. Ние говориме македонски јазик кој што е засебен и меѓународно признаат.

Кој е тој политичар кој ќе каже дека Даме Груев, човекот кој ја формирал организацијата крајот на 19 век, кој е творец на македонската борба за сопствена држава, не бил Македонец, кој е тој што ќе го каже тоа, праша Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.