За жал расте бројот на новозаразени и починати од коронавирусот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на Канал 5 телевизија.
Пред некој ден се тестирани 350-400 луѓе на дневна основа, значи ние имаме тестови само за еден ден, а министерот вели дека има доволно тестови. Значи ние сме држава која во резерва има тестови за не повеќе од еден ден, такви се моите информации, ако навистина имаат само 350 тестови на располагање тоа е катастрофално – рече Мицкоски.
За жал информациите кои доаѓаат до нас не се такви, како што вели Филипче, потенцира Мицкоски.
Времето ќе ја покаже вистината, таа на крајот на денот ќе излезе на виделина. Јас навистина сум несреќен и не сакам да верувам дека во прв лан е нивниот личен и партиски имиџ, а не здравјето на граѓаните. Но како што одминуваат деновите, еве веќе повеќе од еден месец, влегуваме во критичниот месец, април каде очекуваме бројката на заразени да расте, па очекуваме да се тестира што помасовен број на граѓаните. Би сакал да верувам дека имаме неколку илјади тестови на располагање – вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.