ВМРО-ДПМНЕ нема да врши одмазда кон политичките неистомисленици и секој кој работи чесно и допринесува ќе продолжи да работи, затоа што на сите нас и на Македонија и требаат такви луѓе за да се создаде новата иднина во државата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Клан дебата“ на ТВ Клан.
Многу јасна порака сакам да упатам до сите граѓани, вклучително и до тие кои останаа дома и тие кои гласаа за нашит политички противник, а тоа е дека секој човек ни е важен и дека секој еден човек кој е дел од народот на Македонија и е потребен на Македонија – истакна Мицкоски.
Тој порача дека секој оној којшто е вработен во јавната администрација, во локалната самоуправа, секој оној којшто има некаков бизнис, нека не се грижи нема да има политички реваншизам и некакви си одмазди.
Секој оној кој работи, којшто е мотивиран, кој работи по закон, што работи чесно и што допринесува ќе биде наш пријател без разлика на нашата политичка различност. На Македонија и требаат луѓе кои чесно и достоинствено ќе си ја вршат работата и во мене ќе имаат пријател – потенцираше Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека таквите луѓе кои работат чесно и достоинствено не ги делат вредностите на актуелната власт која не понесе одговорност за 14 луѓе живи што гореа, или повеќе од 7.000 починати од ковид пандемијата поради неспособност, бидејќи власта наместо да спасува животи трчаше по провизии. Тој додаде дека тие луѓе не делат вредности со СДСМ како што се плантажите со марихуана на батето и пајташите околу батето, а не се нивни вредности ниту да сме на дното по економија.
52 месеци ништо не направија, ние мораме и ќе покажеме дека можело поинаку и подобро да се работи – изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.