Пред почетокот на дуелот на „Само Вистина“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даде изјава каде што посочи дека остава граѓаните на Република Македонија пресудат чиј концепт е подобар. Концептот на СДСМ кој што е полн со неисполнети ветувања и криминал. И концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој нуди реални мерки и ветувања.

– Чувствувам дека граѓаните можат да направат вистинска разлика помеѓу еден и друг концепт. Помеѓу концептот кој што е полн со неисполнети ветувања, со нереализирани очекувања, со многу невистини, концепт со многу криминал и корупција. И концепт кој што поинаку функционира од сето ова што го кажав, она кое што е значајно за мене и она кое што ќе биде значајно за гледачите е јасно да ја препознаат разликата помеѓу едниот и другиот концепт бидејќи има помалку 45 дена од денеска ќе можеме сите гласно да зборуваме позади гласачката кутија, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека граѓаните кои што ќе ја следат денешната емисија, денешниот дуел да почувствуваат дека постои алтернатива, дека постои поинаква вистина од ова реалност која што денеска ни се случува. Реалност која што ќе биде исполнета со оптимизам, надеж, визија, онака баш како што треба да функционира едно општество кое што нуди можност на сите граѓани во Република Македонија.

 Имаме многу гласачи кои што не се изјаснуваат на анкети, тие ни се изјаснуваат од две причини, првата е стравот поради актуелното однесување на оваа власт, и второто е поради тоа што навистина постои определена доза на неопределеност и скепса помеѓу политичките понуди, имајќи го во предвид минатото и имајќи го во предвид искуството на граѓаните во минатото кога често пати нивните очекувања биле изневерени. Односно ветувањата не биле исполнети од страна на политичарите, истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.