Нашата борба штотуку почна, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестен марш во Скопје.

За власта рече дека за она што го направија ќе завршат на буништето на историјата.

Мицкоски вели дека добиваат поддршка од граѓаните.

Да ја заборавиме книгата на едно време, да отвориме нова книга, книга која што ќе нѐ води кон просперитет, изјави Мицкоски.


Порача дека немаме резервна татковината.

Ниту еден процес не е еднонасочен, нашето време доаѓа. Времето на вредните и чести Македонци допрва доаѓа, вели тој.

Мицкоски кажа дека нема да се повлечат. Oбвини дека јавниот долг на државата е 40% од БДП. Граѓаните извикуваа „оставка“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.