Германската канцеларка Ангела Меркел не е заразена со коронавирус, покажал првиот тест кој бил негативен, потврди портпаролот на германската влада кој додал дека канцеларката ќе направи и дополнителни испитувања.
Меркел е од неделата во карантин бидејќи имала краток контакт со лекар кој, како што се покажало подоцна, бил заразен со коронавирус, пренесува “Ројтерс”.
Лекарот за кој се утврдил дека има коронавирус, во петокот на германската канцеларка ѝ дал вакцина против пневмокок, бактерија која предизвикува воспаление на белите дробови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.