Чилеанката Јоана Агурто верувала дека смислила совршен маркетинг за нејзиниот мед, што го нарекла по една од најголемите холивудски sвезди – Мел Гибсон.

Чилеанката си поиграла со неговото име сè додека не била повикана од адвокатите на актерот.

Имено, нејзиниот производ го носи името Миел Гибсон („миел“ е шпански значи мед), а на теглата е фотографија од славниот актер од улогата во филмот „Храбро срце“.

Сè одеше според планот додека не пристигна заканата од адвокатите на Мел – откри Чилеанката на Твитер.

Адвокатите на Гибсон побарале повлекувањето на производот од пазарот поради неовластена употреба на името и ликот на актерот.

Во писмото испратено до неа, тие и се заканиле дека ако веднаш не го повлече нејзиниот производ од пазарот, ќе бидат принудени да го решат проблемот на суд.

Агурто почнала со продажба на медот Миел Гибсон, откако ја загубила работата поради пандемијата на корона вирус.

За да користите име и фотографија со ликот на Мел Гибсон од Брејвхарт, мора да добиете дозвола за употреба. Фотографијата е во сопственост на студиото кое го објави филмот. Во никој случај не сакаме да спречиме некој што се обидува да почне бизнис и да генерира приходи од него, но треба да се знае дека постојат пропишани начини за водење бизнис, контакти и одобренија што треба да ги исполните претходно – објаснува адвокатот Ли Брехеин, додавајќи дека мора да има посебно одобрение за таков вид маркетинг.

Сепак, се чини дека новата претприемачка не е подготвена да се откаже од својата нова работа толку лесно, па нејзината компанија го повика Гибсон преку Твитер да и ’дозволи да ја користи неговата слика со пораката: „Нашата душичка е само за храбри срца“.

Во исто време, таа им се заблагодари на сите корисници на Твитер кои ја поддржаа.

Моето срце е храбро, но сега уште повеќе затоа што знам дека сме моќен рој – им порача Јохана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.