Заради неисплатен втор дел од платата за месец јуни, машинскиот персонал во „Железници на Република Македонија„ (ЖРСМ), од денеска во 16 часот стапи во бојкот, потврди за МИА, Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ – Транспорт.
Бојкотот на машиновозачите, според најавите на Димовски, ќе трае до утре во 11 часот за кога е закажена средба со менаџметот на ЖРСМ.
– Од 16 часот во мирување е собраќајот во ЖРСМ. Имам притисоци од менаџметот ама ќе издржиме. Ќе се вратат само возовите што утринава тргнаа кон Битола и Гевгелија. Ќе видиме утре дали ќе има промена по состанокот со менаџметот, изјави Димовски за МИА.
Воедно, тој најави дека до УО на ЖРСМ, како и до Министерство за транспорт и врски и до Агенцијата за железничи сообраќај ќе испратат допис преку кој, покрај исплатата на платата бараат и исплата на надомест за квалитет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.