Кандидатот за градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, во обраќање фо граѓаните најавува дека чесноста, трудољубивоста, толеранцијата и пред се одговорноста ќе бидат одлика на неговата работа.
Ќе подадам рака на секој од моите сограѓани, Велес ќе биде град на сите луѓе. Ова Ви го ветувам.
Велес мора да блесне во својот сјај, Велес мора да биде пристојно место за сите генерации.
Најавувам позитивна кампања, исполнета со меѓусебно почитување. Акцентот ќе го ставам на претставување на мојата визија за развој на Велес – вели Колев во порака на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.