Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ се скарале, наводно на крв и нож, затоа што таа се сомнева дека пејачот ја изневерува.
Марина со синот се исселила од семејната куќа во Брестач, бидејќи во телефонот на Дарко пронашла пораки кои ги разменувал со друга жена.
Лазиќ наводно со недели е во контакт со поранешна девојка која исто така живее во Брестач.
Дарко неодамна во селото ја сретнал поранешната девојка со која кратко се забавувал. Таа го оставила, што ја повредило неговата суета, и кога повторно ја видел, посакал да ја смува. После средбата почнал да ја прогонува. Постојано и праќа пораки, а една од преписките видела и Марина – рекол извор близок на пејачот.
Според неговите тврдења. Марина го гледала неговиот телефон додека спиел. Штом ги видела пораките, решила да ги спакува своите и работите на Алексеј и отишла кај родителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.