МКД.МК пишува дека на КОМЕН Купот кој се одржува во Кипар, Стојановски го освоил одличното шесто место во трката на 5 клометри за пливачи родени 2004/2005 година, што е најдобар резултат од ваквите трки за Македонија, но за жал, нема да биде вреднуван како официјално време.
Причината е дописот кој пред почетокот на настанот го испратил Александар Маленко. Тој во име на непостоечката „Пливачка федерација на Македонија“, правен субјект кој официјално не постои во нашата земја, го информирал организаторот дека македонските пливачи не може да пливаат бидејќи не се регистрирани во неговата федерација.
„Пливачката федерација на Македонија“ официјално не постои и нема поддршка од пливачките клубови во Македонија, но Александар Маленко се уште фигурира како претседател во ФИНА и ЛЕН и затоа федерациите од другите земји ги земаат предвид неговите барања.
Андреј денеска бил побрз од најголемиот дел од репрезентативците на Шпанија и Италија кои важат за исклучително добри натпреварувачи во маратонско пливање, но неговиот резултат нема да биде запишан.
Претходно, слична ситуација се случи со македонските пливачи на меѓународниот турнир во Лесковац, кога Маленко пратил допис и до Српската пливачка федерација, па и таму резултатите на децата кои пливаат таму нема да бидат вреднувани на меѓународни ниво.
Повеќе на МКД.МК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.