Фаталната љубов меѓу Зоран Заев и Катица Јанева завршува фатално. По денешните настани се поизвесно е дека капацитетната Катица ќе се троши зад решетките во мизерните услови на затворот во Шутка.
А само пред неколку месеци непоправливиот оптимист, лидер на владејачката СДСМ и прв човек на Владата, Зоран Заев, се удираше во гради дека не се откажува од СЈО.
Не се откажувам од Катица Јанева зошто е капацитет, истакна Заев во ТВ-дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Иако сме навикнати Заев да рече, па да одрече, напротив, неколку дена подоцна тој дури потврди дека бил сериозен кога зборувал за капацитетот на првата дама на Специјалното јавно обвинителство.
Не дека немам разирање за опозицијата, но на крај памет не ми е да ја сменам Катица Јанева, рече премиерот Зоран Заев во интервју за МИА. Тој категорично ја отфрла можноста да се исполни барањето на опозицијата за промена на тимот обвинители предводен од Катица Јанева.
Апсолутно не. Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети. Јас ги слушам и критиките од опозицијата, и не дека немам разбирање за нив, но предностите на вака создадена институција, со овие луѓе е навистина голема предност за Македонија, вели Заев.
Но, што се случи сега? Каде згасна капацитетот на Катица и како фаталната љубов меѓу премиерот и специјалната доби фатален крај? Зошто Заев реши да ѝ го замени удобниот кауч од Камчев со тврдите дрвени клупи во Шутка и дали можеби одговорот лежи во предупредувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека ако ѕверот се почувствува загрозено, ќе нападне?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.