Пратеникот Антонио Милошоски јавно прашува дали Македонија согласена заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ.

Притоа, Милошоски објави документи коишто покажуваат дека Македонија не се приклучила на санкциите што Советот на ЕУ ги има донесено против Русија за нарушување на територијалниот интегрит на Украина.

За разлика од Македонија, санкциите се поддржани од другите земји што се дел од сојузниците во НАТО, како Црна Гора, Албанија, Норвешка …

Испратив две пратенички прашања во пишана форма, до Заев и Османи, и двете поврзани со тоа дали Македонија има усогласена заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ, во однос на европските санкции кон Русија и Турција.

 

Собранието и јавноста треба да бидат информирани за овие теми во контекст на блокираните евроинтеграции – реагира Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.