ВМРО-ДПМНЕ го повика Александар Сорос, синот на левичарскиот активист и мултимилијардер Џорџ Сорос, да открие за што разговарал при неговата неодамнешна средба со Зоран Заев, за која јавноста дозна единствено од коментарите на социјалните мрежи објавени од Сорос.
Во соопштението од опозициската партија се потсетува на улогата што Фондацијата „Отворено општество“, основана од Сорос, ја одигра во креирањето на политичката криза во изминатите години.
Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос директно поддржуваше и охрабруваше политички иницијативи кои сериозно ги поткопаа демократските институции во Македонија. Граѓаните разбирливо очекуваат и бараат Александар Сорос да сподели што се разговарало на средбата, дали се осврнал на ширењето на државната мафијашка организација предводена од премиерот, и на корупцискиот скандал што ја зафати државата. Не е првпат Фондацијата Отворено општество (ФОО) да поддржува корумпирани и обвинети политичари поврзани со организираниот криминал во Македонија. Не би било првпат ниту да се користат медиумите за ширење на лажни вести, за влијаење на јавното мислење и за давање политичка поддршка на корумпирани политичари и нивно штитење од кривична одговорност. Тешко е да се разбере што ја мотивира Фондацијата, но потребна е целосна и транспарентна истрага во активностите на ФОО во Македонија, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, објавено од унгарската новинска агенција В4.
Александар Сорос, кој се позиционира како наследник на мрежата политички контакти изградена од неговиот татко, се сретна со Заев и со Стево Пендаровски при неговата посета на Македонија, а претходно во Албанија со сретна со премиерот Еди Рама. Во сооштението на ВМРО-ДПМНЕ се бара објаснување зошто организација како што е Фондацијата Отворено општество продолжува да поддржува политичар како Зоран Заев, кој е олицетворение на балканскиот тип на корупција, и кој ја држи својата сопствена земја како заложник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.