На добро информираната јавност не и е јасно зошто се случува операција за спасување на владата на Заев ако СДСМ е толку многу силна на Анкетите како што тврди оваа партија.
Откако БЕСА прво најави дека ќе оди сама на изборите, а вчера се премисли и пак се враќа во коалиција на Заев, политичкиот аналитичар и екс дипломат Арсим Зеколи бара да му се објасни како да е мало дете зошто се прави толкав напор за спас на рејтингот на СДСМ.
Оваа ситуација Зеколи ја нарекува коалиција СДСМ – Кале поради локацијата на седиштето на Американската амбасада во Скопје за која екс амбасадорот смета дека е инволвирана во обидот за спас на коалицијата на власт на претстојните локални избори.
Објасни ми го ова, како да имам 5 години:
Ако ВМРО-ДПМНЕ е толку слаба во анкетите, толку непопуларна, тогаш зошто коалицијата СДСМ и Кале е толку пеколно детерминирана во мобилизирање на се и сешто сешто во албанскиот кампус за зајакнување на рејтингот на Заев? Зошто паника?”, прашува Зеколи кој смета дека во октомври на локалните избори ќе се случи референдум за владините позиции за спорот со Бугарија, напиша Зеколи на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.