Зошто Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на владејалката СДСМ, не беше во Јавното обвинителство за организиран криминал да даде исказ за случајот „Рекет“ и да објасни во какви реалции е со првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13? Ова прашање во вечерашниот дуел во емисијата „Само вистина“ на Костадинов директно му го постави Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ
Дали за случајот „Рекет“ вие дадовте исказ во обвинителството, бидејќи поранешниот ваш генерален секретар Кирацковски ги повика сите функционери кој на некој начин имаат потреба да отидат и ли биле во комуникација со Бојан Јовановски да отидат самите доброволно да дадат исказ во обвинителството. Па, дали ти отиде?, праша Арсовски.
На тоа Костадинов немаше конкретен одговор и кажа дека доколку е потребно ќе оди, на што Арсовски му реплицираше дека истрагата веќе е затворена.
Отиде или не? Во интерес на истрагата требало да одиш да дадеш исказ чисто во какви релации си бил со Боки 13, му порача Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.