Заев го избраа на избори каде беше единствен кандидат како во Северна Кореја.
Заев одржа партиски избори во училишта, општински простории, државни институции.
Заев одржа прес конференција во штаб на СДСМ среде полициски час.
Прашањето е зошто народот да плаќа казни за неносење маска, а Заев да држи пресови  среде полициски час и дали следи казна за партиските војници на СДСМ кои евидентно го прекршија полицискиот час? – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако вечерва, по изборот на Зоран Заев за (стар) нов лидер на СДСМ, тој држеше прес-конференција во седиштето на партијата за време на полициски час.

За непочитувањето на полицискиот час од страна на СДСМ, на чело со премиерот Зоран Заев реагираа и корисниците на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.