Зошто на претседателката на Одборот на директори на ГТЦ така јавно ѝ честитаат за Саше Тасевски, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, алудирајќи на веста што утрово ја откри неговата партија, дека во Управниот одбор на ГТЦ е Трајанка Тасевска, сопруга на директорот на БЈБ Сашо Тасевски и претседателка на локалниот форум на жени на СДСМ Кисела Вода.

Ќе има ли струја за денеска цел ден да работат во „сервисот за компјутери“ во ГТЦ?
А ако има криза ќе пратат ли некој од полиција да ги извести во рудникот во ГТЦ, да не влијае на производство?
И зошто на Претседателката на Одборот на директори на ГТЦ така јавно и честитаат за Саше Тасевски? Толку ли е често презиме па случајно имаат исто со Директорот на бирото за јавна безбедност?
И може се само другарки од средно со главната на жени на СДСМ па и честита роденден.
Туку, ќе пратат ли некој од полиција до ГТЦ, сега “сервисот” е под јавен притисок, нема смисла да трпи…, коментира Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.