Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски четврта година по ред за Илинден ќе присуствува на традиоциониот народен собир во Ташмаруништа, Струшко.Таму традиционално ќе се оддржи Културната манифестација Илинден, со која се чествува верскиот и државен празник на 2 Август.
„…Елате под бајрако на „Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија… Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За „Афтономна Македонија”!…
Ташмаруништа е едно од многуте населени места кои гордо го кренале бајракот за слободарска Македонија.
Ташмаранушта и регионот имале активна улога во Илинденското востание. Всушност и непосреден повод за почетокот на ова одбележување, и за самото основање на културната манифестација „ИЛИНДЕН“ се настаните кои се одиграле во овој регион, при што битката кај селото Ташмаруништа за време на Илинденското востание, во кое учествувале четите од с. Ложани и с. Драслајца, и кои се едни најзначајните операции. Ова одбележување имаше цел толку да потсети на тие трагични моменти кога загинуваат речиси сите востаници, а селото Ташмаруништа е опожарено и опустошено. Но таа слободарска илинденска традиција продолжува и по Втората светска војна, при што едни други поколенија борци конечно успеаја да го реализираат сонот на претците.
Инаку војвода на селската чета во Ташмаруништа на ВМРО, загинува на 4 август за време на Илинденското востание, заедно со својот брат Наум за време на стража со турската војска.
Одбележувањето на 2 Август во Ташмаруништа ќе биде прославено со повеќедневни активности, каде најчесто се собираат граѓани од целиот струшко охриудски регион, како и македонски иселеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.