Според досегашните публикувани информации по спроведената НАТО-проверка, точно 600 припадници на армијата ќе добијат безбедносен сертификат. Тој сертификат ќе има четири степени на вертикална моќ и важност. Со највисокиот степен (или т.н. топ сикрет) ќе располагаат од три до пет лица во Македонија, пишува Нова Македонија.

Во Канцеларијата за безбедност на НАТО испратени над 100 досиеја на македонски офицери

Според информации на државните власти, пишува весникот, досега во Канцеларијата за безбедност на НАТО се испратени над 100 досиеја на македонски офицери, од кои дел добиле безбедносни сертификати. За дел постапката е во тек, а засега има одбиено барања на двајца претставници.

Универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски во своето последно јавно обраќање на оваа тема истакна еден интересен, а наедно и отрезнувачки став. Имено, професорот истакна дека „кога партиите досега не успеале да направат декриминализација, ветинг и департизација, тоа ќе го сторат партнерите од НАТО“.

Најдобро ќе биде политичките партии да ги тргнат рацете од одбраната и безбедноста, затоа што ќе си ги изгорат прстите. Двете македонски политички партии, како и албанските партии, во изминатите 29 години им кумуваат на партизацијата и политизацијата на одбранбено-безбедносниот систем – смета професорот.

Според Ѓуровски, дојде „време за воспоставување јасни правила на игра и работа во воената служба за безбедност и разузнавање, како и регулирање на партиското ангажирање офицери и професионални војници“.

Професорот Ѓуровски резимира дека „кај безбедносните сертификати на НАТО нема место за партиско -политички комбинаторики и импровизации“.


Целиот текст на Нова Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.