Граѓани, еколошки активисти, пратеници, реагираат на еден член од предложениот Закон за управување со отпад, со кој ќе се овозможи увоз на отпад што ќе се користи како енергенс, пренесува „Дојче Веле“
Минатата година со законски измени таквата можност беше забранета, но таа сега повторно се отвора и тоа со „европско знаменце”, заради усогласување на регулативата во оваа сфера со европските директиви. Законот е во прво читање во парламентот, а пратеничката и претседателка на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин, подготвува амандман со кој ќе бара да се важи сегашното решение – забрана за увоз на отпад кој ќе се користи како енергенс. Во разговор за ДВ таа ја образложува причината за тоа.
„Проблемот е што во земјава немаме ниту воспоставено институционални механизми ниту акредитирана лабораторија во која ќе се испитува што сѐ содржи отпадот кој би се користел како енергенс. Не е доволно да се испита само еден параметар, туку сите. Ние таква можност немаме. Тоа што го пишува во декларациите, во практика честопати не се потврдува и многу случаи во регионот покажаа дека има големи злоупотреби. Сѐ додека не се обезбеди ефикасна контрола на увезениот отпад, нема потреба да се ставаме во опасност и да преземаме потенцијален ризик со кој ќе ги загрозиме, водухот, водите и почвата. Затоа, најпрво треба да обезбедиме ефикасна контрола во која сите ќе имаме доверба“, вели Морачанин.
Таа потсетува дека земјава ја има ратификувано Базелската Конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасниот отпад и негово одлагање, чија цел, меѓудругото, е и да се заштитат помалку развиените земји од увоз на опасен отпад од кој сакаат да се ослободат економски поразвиените држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.