Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека истрагата за случајот Рекет е компромитирана и не ги исполнува очекувањата на правото и правдата.

Од ден во ден Вилма Русковска се повеќе ја развлекува истрагата за милионскиот РЕКЕТ, се со една цел, да се заштитат вистинските нарачатели. Вилма Русковска и обвинителството доцнат повеќе од четири месеци со распитот на сите инволвирани. Цели четири месеци и требаа на Русковска да го повика на распит Кирацовски, иако за инволвираноста на ликот Кики се пишуваше во продолженија. Четири месеци им требаа за да смислат лага дека Кирацовски само еднаш се сликал со Боки, како главно оградување од неговото учество во рекетирањето. Кирацовски вчера призна дека бил посредник на средбите на Боки 13 со градоначалници и бизнисмени кои биле предмет на рекетирање, пишува во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто и по четири месеци во притвор е посредникот помеѓу Боки 13 и оштетениот бизнисмен, но не и посредникот меѓу Боки 13 и бизнисменот Мицевски и градоначалничката Петровска.

Зошто се уште Кирацовски не е во притвор? Очигледни се намерите на СДСМ и Русковска обвинителството да го развлечат и забошотат целиот случај.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.