Душан Илиевски, познат како Душко Млекарот, член на СДСМ, преку фејсбук му упати прашања на пратеникот Александар Кирацовски, кој на крајот на мај беше разрешен од партиската функција – генерален секретар на СДСМ. Тој Кирацовски го поврзува со случајот рекет, во кој се приведени Бојан Јовановски (Бoки13) и Зоран Милески – Кичеец. Обвинителството посочи дека е можно проширување на истрагата, а новинарот Бранко Геровски, кој прв јавно ја обелодени аферата со рекетирање, посочи дека во овој случај се вмешани двајца истакнати членови на СДСМ – Кики и Фрики.
Душко Млекарот напиша:
КИРАЦОВСКИ зошто беше сменат од генерален секретар??????
Поради тоа сто ги РЕКЕТИРАШЕ БИЗНИСМЕНИТЕ
1,. Кирацовски вршеше притисок врз градоначалнчката на Битола за да го промени ДУПот за да изградиш ти и БОКИ 13 старски дом во Битола?????
2, Кирацовски колку му зеде РЕКЕТ на СИЛЈАН МИЦЕВСКИ?????? И ЗОШТО ВО ТВОЈАТА ХАЦИЕНДА во строгиотцентар на Битола е “ЕУРОФАРМ” под кирија????
3 Кирацовски колку му зеде РЕКЕТ на МАРКОВСКИ КОМПАНИ?????
4, Кирацовски колку му зеде РЕКЕТ на СТЕНТОН ГРАДБА за да го промениш ДУПот за ТЕХНИЧКИОТ ПРЕГЛЕД во Битола вршејќи притисок врз советниците во општина Битола???
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.