Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски упати јавно прашање до РЈО Љубомор Јовески: Зошто Јанева би жртвувала кариера, моќ, статус, иднина и пари за да одработи за некои да земат милиони а таа мебел за 4,5 илјади евра?
Какво е тоа помагање во делото, според Јовески, кога Боки 13 ги зема парите за работа во полза на Камчев што ја извршува Јанева и никој друг? Камчев дал пари Јанева да го ослободи од притвор и гонење. Не Боки 13, делото, работата е на Јанева, вели Стоилковски.
Портпаролот потсетува дека „помагање” е полесно посебно кривично дело, додавајќи дека и двоецот Јовески/ Рускоска очигледно сака со таква квалификација да ѝ олесни на Јанева во поглед на казната.
Не може да не се направи споредба со најтешката квалификација Тероризам за случувањата на 27 април, со која двоецот Јовески/Рускоска побара и доби од судот затворска казна од над 200 години што ги лежат луѓето! За тоа немаше елементи, ама имаше најава од власта. Односот на Двоецот Јовески/Русковска сега кон Јанева го покажува постоењето два аршина на Рускоска/Јовески, во насока на спасување на Јанева, вели Стоилковски.
Според Стоилковски сето тоа покажува дека работат по нарачка.
Квалификации од двоецот Јовески/Русковска за Јанева оди во насока за нејзино претставување како Заведена Жртва. Тоа повеќестрано е штетно затоа што таа е носител на силна функција, надпозиција и моќ што ја прават посебно одговорна. Таа не е сметководител, “помлад референт”, што потпишал нешто по директива, а не разбирал.
Ваков приод и третман каков што даваат Јовески/Рускоска наместо борба, само го зајакнуваат криминалот и корупцијата! Катица Јанева е СЈО вмешана во највисоките ешалони на Октоподот на Државната Мафија во Рекетот, а не некоја бирократка која е заведена и наместена. Катица Јанева има функција со која НЕ СМЕЕ да биде наместена од кого и да е! И таква треба да и биде и одговорноста! Се друго е фарса и замајување на јавноста!, вели Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.