Бранко Геровски, уредникот на „Плусинфо“ во својата последна колумна запрашува до кога ќе ја штитат специјалната обвинителка Катица Јанева. Зошто ја штитат? За да не проговори за нешто?

Героски пишува:

Не било лесно да се одбие фамозниот Бојан Јовановски. Ова го дознавам од еден друг допис, од сопственикот на една навистина моќна македонска градежна компанија. Поседувам фотографија и од овој допис. Сопственикот е толку моќен и со силен грб, што се вели, што смогнал сили да го одбие безобразниот Јовановски со неговата „платформа“. Но, прочитајте го јазикот со кој газадата на оваа градежна компанија внимателно се вади пред семоќниот Боки 13-ка:

„Цениме дека може да биде интересен проект и партнерство, но како бизнис ориентирана компанија… бла, бла, бла“. Тука се објаснува дека компанијата веќе влегла во сличен проект. И понатаму, во дописот до Боки: „Од овие причини, би ценеле доколку имате разбирање и со конечни одлуки и договори продолжиме на крајот на 2017 за реализација во 2018 година, до кога ќе ги имаме сите параметри усвоено и сите потребни ресурсни сознанија“. Газдата под рекет очигледно купува време. На крајот на одговорот, се изразува „надеж“ дека „ќе биде разбрана претпазливоста на компанијата“, бидејќи во проектот на Меѓународен сојуз таа требало да вложи десетина милиони евра сопствени средства.

Замислете, десеттина милиони евра сопствени средства! Високо пукал Бојан Јовановски. Што му дало таква сила? Па, погледнете го составот на водечките тела на Меѓународен сојуз. Погледнете ја добро уште еднаш онаа фотографија. На сите кои стапувале во контакт со Боки 13-ка им било јасно дека разговараат со моќен човек. И веројатно им било јасно дека зад него стојат други, помоќни од него. Како специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на пример, која сега се вади со приказната дека била злоупотребена. А никој нормален веќе не може да разбере зошто и таа, која „брилјира“ на спикерфонот на снимката кај сведокот, кога се даваат изнудени пари, не е опфатена со истрагата. До кога ќе се штити Катица Јанева? Зошто? За да не проговори за нешто?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.