Вчера гореше над Галичник, опремата за гаснење пожар од 20 век (слика 1) во земја кандидат за Европска Унија во 21 век. Благодарение на жртвата на пожарникарите и армиските волци, пожарот е ставен под контрола.
Во меѓувреме Петре Шилегов набави противпожарна автомеханичка скала вредна нешто повеќе од 1,7 милиони €. Носител на набавката е Унгарска компанија…, да да компанија со седиште во Будимпешта (слика 2).
Истата таа држава и град кои жестоко СДСМ ги анатемиса изминативе речиси три години, но бизнисот мора да врви. Додека пак врви бизнисот, а шумите горат, како партнер на Унгарската компанија се јавува истата компанија каде е косопственик зетот на секретарот на град Скопје. Чудно но вистинито, компанијата каде е косопственик зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов склучува договор со носителот на набавка во вредност од 33.244.500 денари или околу 540.000€ (слика 3).
А да…, сигурно штабски без основа ќе демантира град Скопје дека во периодот од 2012 и 2017 истата компанија добила тендери во времето на ВМРО-ДПМНЕ, нешто помалку од 150.000€, (иако не во тоа време, туку денес, снаата е секретар на градот, а компанијата ќе демантира дека има странски капитал од 2017 година и не бил зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов единствен сопственик, но во деновите што следат ќе откриваме се повеќе сомнежи за сторен криминал на Петре Шилегов и ќе гледаме штабско препелкање во обид да се одбранат…, но крајот се ближи, а со крајот и одговорноста следи.
Ако се прашувате зошто има недостаток на противпожарна опрема, зошто бизнисот и полнењето џебови и е приоритет на власта.
Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Вчера гореше над Галичник, опремата за гаснење пожар од 20 век (слика 1) во земја кандидат за Европска Унија во 21 век….
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 3 May 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.