Македонија се наоѓа пред локални избори кои во голема мерка може да одредат дали оваа власт ќе продолжи да ја води државата или ќе имаат резултат кој ќе води кон легитимно барање на опозицијата за предвремени парламентарни избори.
Според истражување на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) на три месеци пред почетокот на кампањата за изборите, повеќе од половина од граѓаните не ги поддржуваат актуелните градоначалници, односно 53% рекле дека одговориле дека би требало да се избере друг кандидат.
Ако се има предвид дека 70% од општините ги водат градоначалници на СДСМ и уште 16% ги водат партиите кои се во коалиција со СДСМ во владата или вкупно 86% градоначалници на власта, тоа значи дека граѓаните не се задоволни од работата на актуелната власт и бараат промени.
Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ, повика на обединување на опозицијата каде се приклучи дури и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, но не и Левица. Со 10 кандидати за градоначалници и 40 советнички листи Левица одлучи сама да оди на изборите. Но, според тоа како стои во некои општини прашање е која е целта на тие кандидати и советнички листи.
Така во тие 40 општини каде Левица нема кандитирано своја советничка листа е Струмица каде што на минатите парламентарни избори освоиле 1.158 гласови. Но, затоа имаат листи во две слични општини според број на избирачи, односно Охрид каде лани имале 1.240 гласови и Кичево 327 гласови. Според избирачкиот список од тие избори Струмица има 49.341 избирач, Кичево 50.480, додека Охрид 52.547. (Гласовите за Кичево се собрани од 5 и 6 изборна единица, бидејќи на парламентарни општината е поделена)
Оттука се поставува прашање зошто Левица нема кандитирано советничка листа во Струмица каде има реални шанси за да освои советничко место, а има во Кичево каде не постојат шанси но таа бројка може да наштети на опозицијата ако се знае каква е состојбата во таа општина и како македонските партии се борат за советник повеќе.
Левица советничка листа има кандитирано дури во Струга која на последните избори имаше 60.850 избирачи, а каде Левица освои само 524 гласови, однос и таму речиси да нема шанси за освојување на советник, а и таму е слична ситуацијата како во Кичево.
Дали Левица нема своја советничка листа во Струмица каде може да освои советник само да не им наштети на СДСМ и Зоран Заев, но и дали намерно има кандидатски листи во Кичево и Струга за да им наштети на македонските партии во однос на албанските? Тоа се две логични прашања кои се поставуваат имајќи ги предвид гласовите од минатите избори.
Оттука граѓаните сами може да проценат која е целта на Левица, во овие премногу важни избори кои ќе одлучат дали СДСМ ќе остане на власт или ќе оди во опозиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.