Зоране, од две амбасади ме замолија и ми платија додуша, да ти го пренесам ова: Седни негде на страна, на столче, не во нечиј скут, земи пенкалото, она со кое сруши режим, тетратка од двеста страни и направи проценка на штетата што ја стори додека владееш, му се обраќа актерот Сашо Тасевски на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.
Пред тоа изгледај ги сите видеа кај што лупаш лаги и глупости, ќе ти треба пола година да ги изгледаш додуша, ама направи го тоа. Особено гледај го интервјуто твое за таа бугарската телевизија, по кое требаше прво психијатри да те соберат па после у полиција.
Нејсе, направи проценка на твоето владеење, спомни ако сакаш и некоја бивша од Горњи Милановац или Алексинац, не е проблем, а потоа седни со луѓето што накнадно ќе те побараат и спогоди се вака: Даваш оставка ВЕДНАШ и да се оди на предвремени избори во април! За сметка на тоа ќе одлежиш седум години во прдкаана наместо петнаесет!
Размисли. Ме замолија да ти пренесам, ми платија, ти пренесов.
И јас ќе те замолам нешто.
Кажи и на Мила Годзила да прикочи малку. И прашај го Филипче уште ли планира да ги држи здравите а невакцинирани во изолација. Оти виде, ароганцијата ве уби, покрај глупоќата и неспособноста.
Запрете со имбецилните реформи и мерките.
Оти ако одите на редовни избори ќе изгубите 100 спрема 0 и ќе кркате петнаески во Идризово. Не мислам на сантиметри. Сантиметри појше ќе кркате.
Толку.
Имаш поздрав од другарчињата од амбасадите. Николај, Џон, Катјуша, Џесика, Бивас, Батхед, Маша и Медо
Не ме терај да ти кажам од кои амбасади се. Тоа е топ сикрет. А ја ко што гледаш, знам да чувам тајни, му порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.