Профил со фотографија и името и презимето на премиерот Зоран Заев објавува прислушувани и тајно снимени разговори меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери, напиша на Твитер политичкиот аналитичар Арсим Зеколи.

Овој профил е поставен на социјалната мрежа Јутјуб и на него има објавено пет видеа меѓу кои едно е за Пописот од 2011 година.

Јутјуб е видеосервис на пребарувачот Гугл кој вообичаено по кратка постапка ги брише лажните профили особено ако направат вакво сериозно прекршување на стандардите на социјалната мрежа како крадење на идентитет или објавување тајни приватни разговори.

Линк до профилот кој се претставува како Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.