Претседателот на СДСМ и носител во изборната единица три, Зоран Заев, на вечерашната трибина во Штип пред граѓаните порача дека за три години СДСМ покажа решителност во затворање на надворешните прашања, но и силна посветеност во решавањето на домашните проблеми.

840 милиони евра беше задолжена државата само за тие споменици, стиропор фасади, 150 милиони евра должеле Фондот за здравство, општините и комуналните претпријатија должеа 200 милиони евра. Денес, тоа е речиси комплетно раздолжено и при тоа ја подигнавме економијата, од минус 1,8 на 3.6 проценти. Покажавме дека има пари и за покачување и на плати и на пензии. Минималната плата ја покачивме на за 6, туку за 60 отсто, ни 150 евра не земаа голем дел од штипјани и штипјанки кои работеа во текстилните фабрики. Денес е 14.500 а до крајот на следниот мандат ќе биде 20.000 денари. Покажавме дека знаеме и можеме, ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро – порача Заев и повика граѓаните на Штип на 15 јули да излезат на гласање и да гласаат за бројот три за СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

Се поклонувам пред Штип и штипјани и заради делото на Киро Глигоров и заради сите славни штипјани кои се вградиле во нашата историја, Штип повторно победува, порача во Штип, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Денеска пред вас сум јас, Зоран Заев Македонецот, кој ви се поклонувам вам, штипјани, Македонци на македонски јазик, признаен од целиот свет, со сочуван македонски идентитет. Денес ја имаме нашата држава, Македонија, држава признаена од целиот свет, со тапија, со имотен лист во светот – истакна Заев.

Тој додаде дека од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен лажен патриотизам, кој денес е целосно разобличен и од реалноста и од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ велат, да си ја врателе државата. Од кој ќе ја вратат? Од народот? Државата е вратена на народот, никогаш повеќе нема да се врати во режим!- порача Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.