-Зоран Заев преговара за идентитетот. Тој преговара за идентитетот и око не му трепнува ја лаже целата македонска јавност. Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што дирекно го означува нашиот идентитет, додека Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Зоран Заев тргува – го започна својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред насобраните граѓани на денешниот протест Оставка на Заев, слобода на народот.

Вели лагата се открива за само 12 часа.

-Како се случи за неполни 12 сати, од позицијата атмосферата е добра има напредок во разговорите до тоа главен наслов во медиумите да биде фијаско. Тоа е затоа што лаже. Та нели се беше во главата на нас вмровците? Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, a се пазареше за идентитетот, историјата, за Македонија.

Денес, вели Мицкоски, повторно лаже кога вели дека не преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го демантираат и го тврдат токму спротивното. Лаже и кога вели дека има напредок. Безочно лаже и око не му трепнува!

-4 години овој човек не лаже, 4 години дебата и проблеми за јазикот, историјата, малцинствата наши во соседните држави, идентитетот. Погледнете како полека она што не било проблем станува проблем, како се разјадува и она последно здраво ткиво на нашата нација, полека но сигурно дебатираме за откажување од нашето наследство од се она што нас не дефинира како посебна нација, народ и држава. Македонија ја губиме на делови помеѓу две изјави на Заев кој со раката на срце, со насмевка и наведнување на главата вели дека тој бил Македонец, и го штител идентитетот. Веќе на сите им е јасно дека овој човек кога говори тогаш тој сосема спротивно испорачува – рече Мицкоски.


Мицкосвски посочи дека поминаа 10 дена, Заев не се повлече во своите скандалозни изјави ниту милиметар, напротив денеска го слушаме како вели дека не се каел воопшто за тоа што го говорел на тоа интервју за еден медиум од кај нашиот источен сосед.

Стратегијата на Заев е во играта на зборови, манипулација во која поразите ќе ги прикажува како штитење на идентитет. Па ќе слушнеме дека споделена и заедничка историја било едно исто, дека јазикот ни бил од АСНОМ па наваму, односно дрво без корен, па да бидеме задоволни и среќни дека ако некој бугарски политичар скришум тивко потшепне Македонци, тоа било голема дипломатска победа…дај бе човеку не си играј со нашата интелигенција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека премиерот Зоран Заев лаже и преговара за идентитетот.

Зоран Заев преговара за идентитетот и ја лаже целата македонска јавност. Од изјавите на историската Комисија дознавме дека бугарската страна кажува дека за придавката македонски се разговара на повисоко ниво. Тоа значи дека Заев тргува. Заев лажеше и кога се коленеше во најмилото. Денес повтороно лаже, а историската Комисија го демантира. Полека она што не било проблем, станува проблем. Полека, но сигурно дебатираме и го губиме нашето наследство. Поминаа 10 дена и не се повлече од скандалозното интервју. Поразите ќе ги прикажува како штитење на идентитетот. Па да бидеме задоволни и среќни ако некој бугарски политчар потшепне Македонци. Заев вели дека е Македонец кој зборува македонски јазик. Ама не кажува дека всушност мисли за после 44та година. Позади се ова стои интерес. Еве јавно во повикувам Централниот регистер да каже дали акциите на рудникот Иловица се продадени на бугарски инвеститор. Треба да се случи народ за да Заев престане да продава. Тоа е единствениот начин да го победиме, рече Мицкоски.

Кога Заев обвинува за лажен патриотизам и хистерија е како квинслинг да обвинува за предавство.

И во истиот ден кога го кажа тоа обзнани дека ќе се менувале учебниците по историја, дека имало договор за 5 историски личности и дека работата била пред договор за 11 записници. Па еве јавно го прашувам пред вас, за што се договори, за што зборува и преговара, што продаде овој пат, колкава ли е цената на ова предавство? Колку тендерчиња со провизии ќе завршат во оној ресторан во југоисточна Македонија, праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестот пред Владата, на кој се бара оставка од премиерот.

Мицкоски го обвини Заев дека му е полесно да распродава во Софија отколку да постигне единство дома и да ги брани национални интереси.

Затоа ли одбегнуваше единство дома, за да може полесно да се испорачува и тргува во соседна Софија. Тоа е така затоа што кај Заев се може да се истргува за пари, ако не може за малку тогаш може за многу пари. И зад оваа негова попусливост се крие финансиски интерес. Нека одговори некој од Централниот регистар кому е префрлен капиталот од рудникот Иловица, дали е бугарски инвеститор новиот купувач на акциите во рудникот Иловица, рече тој.

Попуштањето во Софија, рече Мицкоски, значи разградување од крвавите тули на чии темели почива денешната наша македонска држава.

Тоа значи газење по коските на Кузман Јосифовски Питу, кој загинал недалеку од тука во борба со фашистичкиот окупатор. Или Раде Јовчевски Корчагин, кој е застрелан од грб. Ама Корчагин умирајќи со пркост и кауза победил зошто станал бесмртен, а ти, ти Зоран Заев живи нè продаваш и тоа е болката што овој народ е тука собран, но и оној надвор кој што денеска не е со нас, туку не следи во домовите. Зоран Заев е подготвен да прифати се, а единствената кочница е македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Ова е моментот кога на Заев треба да му се случи народ.

ВМРО-ДПМНЕ го носи бајракот на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ, повика Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест „Оставка на Заев, слобода на народот“, посочи, како што рече, три поенти.

Кога зборувавме дека овој договор ваков каков што е, не е решение, туку е проблем, и само политички аналфабета може на егзибиционистички начин, авантуристички да стави во договор, историски случки да бидат критериум за Македонија, Македонците, граѓаните на Македонија, еден ден да бидат дел од Европското семејство. Тогаш не обвинуваа дека тие ги решавале проблемите со нашите соседи, дека нуделе решенија а ние сме биле проблемот. Еве денеска гледаме дека сме биле во право, дека тоа што за Зоран Заев е договор, за народот е предавство и кочница кон патот кон обединета Европа и место заслужено на Македонија во рамките на Европската унија – рече Мицкоски.

Понатаму додаде дека кога во март месец предупредувале дека тој меморандум речиси акламативно изгласан во Бугарскиот парламент ќе биде дел од преговарачката рамка и критериум, тогаш убедуваа дека тоа не е точно, дека тоа било само во главите на вмровците. Видовме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека за жал и тоа е точно.

-Кога во октомври и ноември предупредував дека од министерот Османи се бара нов договор и анекс на договор што ќе го вклучува овој меморандум изгласан во Бугарскиот парламент и Зоран Заев и Бујар Османи и останатите ме обвинија дека ширам лажни вести. Излезе дека всушност тие биле тие кои што ги ширеле лажните вести.

Денеска кога зборуваме на национално предавство мислиме на македонскиот идентитет. Зборувавме пред два дена дека преговара за македонскиот идентитет, тој не убедуваше дека тоа не било точно и дека тоа биле лажни вести. Вчера слушнавме од историчарите дека токму придавката македонски е каменот на сопнување, па ќе ни речат, сите хорски ќе не прашуваат на чело со Зоран Заев и тие малкумина околу него што ќе сме направеле ние да сме биле на нивно место.

Замислете каква дрскост. Луѓето кои што не доведоа до амбис, кој што тргуваа и ги уништија сите преговарачки позиции создавани со децении. Луѓето кои што ја чепнаа Македонската вековна борба за сопствена држава во срцето на Балканот, нас ќе не прашуваат што ќе сме направеле? – коментира Мицкоски.

Тој даде и одговор на прашањето што ВМРО-ДПМНЕ ќе направи:

Еве ќе ви одговорам што ќе направиме, најпрвин ќе ве победиме на фер, не такви украдени талибантски избори, а потоа покрај криминалот ќе одговарате и за велепредавство пред овој народ, јас ви го гарантирам тоа, и за велепредавство и за овој народ, ете тоа ќе го направиме. А на маса ќе седнат учени луѓе, луѓе кои што знаат што се историски факти и ќе се изборат за подобри преговарачки позиции, достоинствен договор и Македонија во рамките на Европската унија.

Втората порака е до политичарите во нашиот источен сосед. Залудно преговарате со овие домат-дипломати, залудно преговарате, договарате, заедно мислите дека тоа што со нив мислите дека ќе го ставите на хартија ќе биде обврзувачко за нас. Еве ќе ве потсетам на тоа што го зборувам веќе со недели. Не постои такви парче хартија кое што ќе го почитува идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, владата на национално единство. Никогаш нема да прифатиме таков ултиматиум.


Последната моја порака ја упати до, како што рече, „нашите пријатели, нашите сојузници во Брисел, во Париз, во Берлин, во Виена, во земјите членки на ЕУ минус една“.

Знам дека вие го сакате овој народ, имате посебна емоција во вашите срца и за овој народ и за македонската држава и знам дека се ќе сторите за отпочнат тие долги очекувани преговори а ние ќе ви покажеме и докажеме дека знаеме и умееме по најкратката патека на најбрз начин да бидеме дел од тоа обединето европско семејство. Вас не ви треба домат дипломати кои што го распродаваат тоа кое што со крв го платиле нашите дедовци. Тоа го прават почитувани колеги од Брисел од Париз од Берлин од Виена за да можат дома да крадат. За да можат тука да го пљачкосуваат својот народ, таму коленичат и се веднат и распродаваат за да можат дома да крадат. Затоа кога ќе дојде денот не сакам да слушнам овој не смее овој смее сите ќе одговараат. Од прв до последен која за криминал кој за велепредавство, а кој и за двете работи – заврши Мицкоски.

Луѓето кои што не доведоа до амбис, кој што тргуваа и ги уништија сите преговарачки позиции создавани со децении. Луѓето кои што ја чепнаа Македонската вековна борба за сопствена држава во срцето на Балканот, нас ќе не прашуваат што ќе сме направеле? – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест „Оставка на Заев,слобода на народот“.

Тој даде одговор на ова прашање, велејќи прво победа на фер и демократски избори, а потоа одговорност и за криминалот и за велепредавството на владата предводена од Зоран Заев.

-Еве ќе ви одговорам што ќе направиме, најпрвин ќе ве победиме на фер, не такви украдени талибантски избори, а потоа покрај криминалот ќе одговарате и за велепредавство пред овој народ, јас ви го гарантирам тоа, и за велепредавство и за овој народ, ете тоа ќе го направиме. А на маса ќе седнат учени луѓе, луѓе кои што знаат што се историски факти и ќе се изборат за подобри преговарачки позиции, достоинствен договор и Македонија во рамките на Европската унија – рече Мицкоски.

На крајот од својот говор, упатувајќи порака до ЕУ рече:

Затоа кога ќе дојде денот не сакам да слушнам овој не смее овој смее сите ќе одговараат. Од прв до последен која за криминал кој за велепредавство, а кој и за двете работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.