И некој ќе не праша што е толку неправично, неправно, неправедно, што е тоа кое што денеска вие како ВМРО-ДПМНЕ сметате дека е неправда во Република Македонија. Одговорот е јасен, не ние, илјадници граѓани во Република Македонија во еден глас велат дека е неправда кога со ниски страсти ги злоупотребуваш човечките судбини, само да се дограбаш до пуста власт за пари и за моќ. И се сеќавате кога не убедуваше на оние војаерски прес конференции дека не била онаа трагична случка да оној новинар Никола Младенов, тука тоа било убиство. Се сеќавате како он имал материјали, дека тие материјали он ќе ги пуштал дека тоа било нарачка, за да години потоа улогите се сменети, тој Зоран Заев денеска е премиер. Сопругата на Никола Младенов јавно каже дека практично каже дека тоа бил немил настан. Се сеќавате на Нешковски, јас сум сигурен дека он не знае денеска како живее тоа семејство, не знае ниту прашал како од први до први успеваат да скрпат, а не пак да ги посети. Но, на тоа градеше кариера и прес конференции, шарена револуција поведе низ државата, а каде е сега, го нема – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Неготино, кој е дел од кампањата за претстојните Претседателски избори 2019 година.
Тој ги запраша присутните дали се сеќаваат кога Зоран Заев велеше нема правда нема мир. Вели правдата на Зоран Заев ја видовме, луѓето кои што единствен грев било што си ја сакале татковината, биле патриоти им даде два века казна.
Два века затворска казна за патриотите додека оние борци кои што се вратиле од боиштата од Сирија добија 6 години. Помалиот мој син Антонио има шест години, ќе има девет кога најверојатно некаде по улица ќе сретне некој повратник од боиштата од Сирија и од Ирак. Овие деца овдека што се со нас најверојатно шетајќи по улицата ќе се погледаат со тие луѓе после шест години, а овие луѓе кои што си ја сакаат државата, патриоти добија 18 години, кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.