Премиерот Зоран Заев повикувајќи се на тврдење на министерката за правда во неговата влада, Рената Десковска, обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски лаже дека се поднесени амандмани за Предлог-законот за Јавно обвинителство. И портпаролот на Министерството излезе со исто тврдење дека такво нешто кај нив не е пристигнато.

Мицкоски, пак, тврдеше дека предлог амандманите се испратени. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се испратени амандманите за Предлог законот за Јавно обвинителство.

Кој сега лаже? Ова покажува дека Мицкоски ја кажал вистината – адвокатот Тони Менкиноски ги има испратено предлог амандманите на Предлог законот за јавно обвинителство, денеска во 16:19 часот.

Меилот бил испратен лично до Рената Дескоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.