Зоран Заев е осамен во желбата за брзи избори на сметка на здравјето на граѓаните. Неговите позиции и лицитација со датуми не беа прифатени од ниту еден учесник на лидерската средба – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, според информациите, на лидерската средба дошол неподготвен, исклучиво спремен да разговара за датуми, а не и за заштита на здравјето на граѓаните.

Неколку невистини искажани од Заев и Спасовски по одржаната лидерска средба:

1. Не е точна изјавата на Заев дека „изборите се прогласени“

Изборите не може да се прогласени, кога договор за датум нема, а датумот пред се зависи од три фактори:оценка за здравствената состојба од Комисијата за заразни болести, мислење од ДИК за превземање на дејствија и подготовка за избори, како и обезбедување на набљудувачи на изборите од ОБСЕ и ОДИХР кои ќе обезбедат целосно покривање и мониторинг на мисијата.

2. Целосно е невистинито тврдењето на Заев и Спасовски дека изборните дејствија продолжуваат онаму каде застанаа последниот пат по прогласување на вонредната состојба.
Ова не може да е така поради фактот што и двајцата се согласија дека ДИК треба да даде своја проценка за потребното време за подготовка на изборите под услов да има зелено светло од комисијата за заразни болести дека има услови за непречена кампања и објективно потребното време на ДИК за прочистување на избирачкиот список, организирање на самите изборни дејствија и условите кои треба да се обезбедат. Тој рок е минимум шеесетина дена од денот на распишувањето на изборите

3. Трета невистина од Заев е таа дека укинувањето на вонредната состојба ќе значи и веднаш почеток на изборен период.

Тоа не може да се толкува на тој начин, и преставува противправно толкување на изборниот законик.

Од најголемата опозициона партија велат дека забележително е незрелото однесување на Зоран Заев како и бесчуствителноста кон заштитата на здравјето на граѓаните. За Заев лидерската средба се претвори во политиканство, и во борба за помал пораз, а не и во суштина. Според нив, добро е што е прифатен планот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во четири точки со што ќе се гарантира здравјето на граѓаните.

Уште подобро ќе биде Заев на ова да пристапи сериозно и зрело, наместо калкулантски во обид да спаси нешто од последните денови на својата кариера. Ова не е борба за потесен пораз на Заев туку борба за заштита на здравјето на граѓаните. Нокаутот од народот за Заев на изборите не му бега, кога и тие да се случат, но сега е најважно здравјето на граѓаните – коментираат од ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.