Зоран Заев е криминалецот број еден, а Љупчо Николовски е неговиот конселиере и затоа тој излегува да го брани неговиот криминал.

Петардата на СДСМ буквално испука без звук. Доколку Љупчо Николовски и СДСМ сакаат да ја дознаат вистината за милионскиот рекет нека го прашаат Зоран Заев, тој го менаџирал и прикривал криминалот. Боки 13 кажа, знаел уште пред 3 април, а пријавил на 22 април.

Што правел Заев од 3 април до 22 април!? Со кого се договорал и што договарал!? Николовски и Заев можат да ја прашаат Дескоска, која ако држи до законот ќе им каже дека прикривањето на криминал е криминал, кој се казнува согласно закон.

Самиот факт што Заев го известил Боки 13 говори дека или биле заедно, или му оставил доволно време да уништи, прикрие и измени докази.

Зоран Заев е човек на кој менаџирањето на криминал добро му оди. Тој е градоначалникот кој наплаќаше 2 евра од метар квадратен во вид на мито за легализација на градежно земјиште, нешто кое требал да го прави согласно закон.

Заев е човекот кој договараше со Јово и 3 години менаџира судски пресуди во државата по принципот трас – трас.

Заев е човекот капо ди тути капи, кој менаџира и управува со правосудството три години. За таквите криминали наскоро доаѓа судот, се вели во соопштение до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ, кое е реакција на прес конференција на Љупчо Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.