Она што ВМРО-ДПМНЕ го прави деновиве е лажен патриотизам само за да дојде на власт, оцени денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Неготино.
Сето она што го прават овие денови е живогребност за доаѓање на власт и ништо друго. Наводна борба да се заштити македонскиот идентитет и македонскиот јазик кои, нели by the way, ги изгубивме со Преспанскиот договор, што само по себе потврдува дека не е точно и е лажен патриотизам и асполутно е на штета на државата, изјави Заев.
Тоа, како што рече, нема да ја обесхрабри Владата да продолжи да гради пријателство и да чекори на патот кон Европската унија што го очекуваат граѓаните.
Ќе бидеме трпеливи, мудри и ќе водиме грижа за севкупните национални интереси и веруваме дека час поскоро ќе успееме да ги отвараме поглавјата, рече Заев.
By the way, делот започнува од 4:35 минута:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.