Новинарот Зоран Иванов со нова критика за министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Тој бугарската министерка ја нарекува “беда”.

“Екатерина бедо дипломатска, па македонскиот јазик се учи и во српски школи каде што има Македонци, полека, ќе се учи и таму”, и пишува Иванов на Захариева.

Тој беше еден од најголемите поддржувачи на Преспанскиот и Договорот со Бугарија. Но по блокадата од Бугарија неговиот став се промени. Првиот пат Иванов кој беше владин функционер во МИА предизвика скандал меѓу Софија и Скопје затоа што Захариева и сестрата на грчкиот премиер Мицотакис, Бакојани, ги нарече со погрдни имиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.