Зоки се бореше за уште малку воздух, се бореше со денови за тој кислород за да му ја наполни душата и да продолжи да се бори понатака и за Македонија, за идеалите, за пријателите, но најмногу за тие што ги сака и го чекаа дома.
Се бореше да дојде дома да продолжи во игрите со синчето, но се бореше да го види и да го расте уште едниот мал ангел кој треба набргу да се роди и ќе го викаше тато.
Се бореше против неправдите, се бореше за СИТЕ НАС.
Зоки ќе остане секогаш дел од нас зашто неговото срце беше чисто, беше пријателско, беше татковско.
Зоки ќе ни фалиш ……..
Сочуство до твоето семејство, посакувам никогаш да не го пишев овој статус ….., пишува на Фејсбук, Владо Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.