Здружението на новинари на Македонија и Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници ја осудуваат јавната комуникација објавена на еден од профилите на социјалните мрежи на политичарот Петар Богојески, основач на платформата „Македонски концепт“ со новинарот Бранко Геровски.
Политичарот Богојески, на својот профил на една од социјалните мрежи јавно го повикува уредникот на он-лајн медиумот „Плусинфо.мк“ дополнително да објасни текст објавен на овој медиум, а во врска со Македонската православна црква.
Тој во својата комуникација со уредниот Героски му упатува закана: „дополнително ќе добиеш терапија, без закани, која ќе ја конзумираш со горчина! Внимавај со вработените од СПЦ-ПОА! во тек сме!“.
„Укажуваме на политичарот Богојески како и на сите останати јавни личности дека ваквата непримерна комуникација на социјалните мрежи, во која има елементи на закани кон новинарите, е опасна и може да поттикне омраза и дела кои настануваат од говор на омраза.Потсетуваме дека политичарите во своите јавни коментари треба да дадат позитивен пример во јавните дебати а не да се пресметуваат на лична основа со критички настроени новинари“, се вели во реакцијата на двете здруженија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.