Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на населбата Видовишта во Охрид.
На средбата тој истакна дека се наоѓа во победнички Охрид, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник Митре Милошевски ќе биде идниот градски татко, бидејќи тој е изборот на граѓаните.
Во него вели тој граѓаните препознаа честит човек, домаќин, работлив, срдечен и питом, вистински избор каков му треба на Охрид.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека граѓаните го прочитаа и кандидатот на власта кој е симбол за не работата, неспособноста и корупцијата на власта која во моментов управува со Охрид.
Токму поради ова Мицкоски посочи дека во Охрид ВМРО-ДПМНЕ ќе забележи двојна победа, Митре за градоначалник и Гордана за претседател на Република Македонија
На народот му е преку глава од многуте лаги, невистини, предавства, криминали на власта. Изборот е едноставен, или се согласувате со власта и со тоа како живеете, или сакате промени кои ќе донесат правда над неправдите, развој наспроти назадувањето, вели тој.
Во недела охриѓани ќе изберат да живеат во убав Охрид и ќе донесат правда во Македонија, ќе се одзваат на повикот на татковината, заврши Мицкоски.
Мицкоски по посетата на Охрид објави и свој пост на „Фејсбук’.
Бев во победнички Охрид. Се сретнав со жителите на Видовишта. Знам дека Митре ќе биде идниот градоначалник, затоа што тој е изборот на граѓаните на Охрид. Честит човек, домаќин, работлив, срдечен и питом. Вистински избор каков му треба на Охрид, наспроти неработата, неспособноста и корупцијата на власта која управува со Охрид. Овде одиме на двојна победа, Митре за градоначалник и Гордана за претседателка на Македонија. Затоа што на народот му е преку глава од многуте лаги, невистини, предавства, криминали на власта. Изборот е едноставен, или се согласувате со власта и со тоа како живеете, или сакате промени кои ќе донесат правда над неправдите, развој наспроти назадувањето. Да одбереме убав Охрид и правда за Македонија. Татковината повикува, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.