Зборувајќи за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа етничка определба во личните карти, под услов придавката „cеверна“ да не стои во нив, премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата по кој знае кој пат се обиде да биде смешен, за работи на кои на народот воопшто не му е до смеење.
Тоа знаете како е, сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот, рече Заев алудирајќи на малку поексплицитната народна изрека.
Тој додаде дека дефинитивно треба да се поддржат вакви работи, заради тоа што сме, како што вели тој – мултиетничка држава.
Знам дека има дебата, ја следам, дека тоа може да предизвика одредена дискриминација или не. Ние никој пат ниту сме се криеле, ниту секој од својот идентитет се срамел, напротив сме се гордееле, а како мултиетничко општество сите заедно се гордееме со нашата етничка разноликост, со ова богатство на културолошки и етнички, верски разноликости по кои сме препознатливи и навистина сме пример и за соживот и може многу развиени земји да учат од нас, нагласи Заев.
По неговата изјава социјалните мрежи вријат, а ова е само една од монтажите споделени на „Твитер“:
Зочо со порака „сакаш да се ебеш ама нејке да ти влезе“! Типов е нуклеарно глуп! pic.twitter.com/OGdnH415gl
— Charles Boycott (@JohnnyParka) February 16, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.